
Силекс денес на контролен натпревар во Кратово со 3:2 славеше над струмичка Беласица. И двете екипи минатата сезона се натпреваруваа во Првата лига, но го загубија прволигашкиот статус и во новата сезона ќе бидат дел од Втората лига, екипата на Силекс во Запад, додека Беласица во Исток.
Дарко Алековски – Пеле и Антонио Каланоски со два погодоци беа стрелци за Силекс, додека пак за Беласица двата погодоци ги постигна Васил Крстев.
Ждребот за одредување на распоредот за новата сезона од Втората лига е одложен на неодредено време и засега нема информации кога истиот ќе се оддржи со цел да се одреди распоредот за новата сезона.