![](https://www.strumicacity.com/wp-content/uploads/april/2021/08/Академија-Пандев-Струга-Трим-Лум-коло.-1-2021-2022-5-1300x586.jpg)
Академија Пандев во 2. коло против Работнички повторно ќе биде домаќин и повторно ќе игра во вечерен термин од 20:00 часот на „Благој Истатов“ во Струмица.
Додека сите останати прволигашки натпревари започнуваат во 17:00 часот, во Струмица ќе се игра под рефлектори, а публиката ќе може да ужива во одличен фудбал. Во претходното коло избраниците на Васоски одиграа 1:1 против момците на Захариевски, додека пак „роматичарите“ на домашен терен минимално со 1:0 славеа над велешки Борец.
Во новата сезона ова ќе биде втор натпревар кој ќе се игра под рефлектори односно во ноќен теремин, откако во минатата коло Академија Пандев како домаќин против Струга на „Благој Истатов“ играше во 20:00 часот.
Влезот ќе биде слободен.