ФОТО: Општина Василево со апел да се спречи уништувањето/оштетувањето на главната водоводна линија во с. Дукатино

Општина Василево апелира до жителите на село Дукатино да го пријават сторителот или сторителите кои во изминатите денови намерно ја оштетуваат главната водоводна цевка од разделната шахта до резервоарот во населеното место Дукатино. Во изминатите денови несовесни сторители во неколку наврати ја оштетиле главната водоводна цевка.

„Пред четири дена се случи отстранување и кражба на дел од водоводната цевка во должина од триесет метри, за што е известена и СВР Струмица. По санирање и поправка на истата водоводна цевка од страна на ЈПКД Турија Василево на ден 07.08.2021 година се соочивме со уште една поголема штета, при што главната водоводна цевка е исечена со моторна пила за сечење дрва во должина од 400 метри. Токму затоа Општина Василево и ЈПКД Турија апелира до граѓаните на с.Дукатино да пријават доколку забележат кој го предизвикува проблемот за што и полициски службеници ќе вршат засилени контроли. Апел и за рационално користење на водата особено сега во летнио период, односно водата да се користи за основните потреби за домакинствата а не за наводнување на своите земјоделски насади“, се вели во соопштението.

Comments are closed.