Вечерва во Струмица под рефлектори Академија Пандев и Струга Трим Лум одиграа нерешено 1:1 со што беше комплетирано 1. коло од новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.
Во вечерен термин со присуство на публика на „Благој Истатов“ гледавме интересен натпревар со многу шанси и кај двете екипи. „Пандевци“ во вториот дел, откако резултатски се вратија правеа голем притисок за трите бодови, но сепак на крај мораше да се задоволат со реми и поделба на пленот.

Струга прва дојде до водство со голот на Емир Скендери. Академија Пандев резултатски се врати во игра во 54. минута преку голгетерот Мартин Мирчевски кој и во новата сезона во дресот на струмичкиот прволигаш продолжува да тресе мрежи.
фудбалерите на Академија Пандев беше голема, но, Струга успеа да ја преживее Струмица и дома да се врати со бод.