
Струмичка Беласица вчера одигра контролен натпревар во Македонска Каменица против екипата на Каменица Саса кој заврши без победник со по еден гол во мрежа, односно 1:1.
Струмичките фудбалери при резултат од 0:1 пропуштија многу нереализирани шанси, а најголемата беше нереализиран пенал.
Следен тест за Беласица ќе биде во среда против Силекс во Кратово.