СДММ – Струмица се приклучи активно во борбата за справување со пожарите

Локалниот клуб на СДММ од Струмица се приклучи активно во борбата за справување со пожарите информираше преку соопштение претседателот на струмичкиот Локален клуб, Столе Коциров.

Целосното соопштение:

„Почитувани сограѓани,

Состојбата со пожарите во нашата земја е и повеќе од алармантна. Следејќи го примерот на сите хумани луѓе, ние од СДММ-Струмица се приклучивме активно во борбата за справување со пожарите во нашиот регион ставајки се на располагање на одговорните лица на кризните штабови. Сите волонтери кои несебично покажаа интерес за овој хуман и пред се човечки гест, се полнолетни и психофизички здрави млади луѓе, па според тоа и ќе одговараат единствено на висината на задачите кои што ни ги дават одговорните лица. Апелираме до сите граѓани, оранизации и невладини организации да се приклучат и сите заедно и сплотено да помогнеме во гаснењето на огнените стихии. Овде не станува збор за политички активности. Ги повикуваме сите кои што сме во можност да се вклучат и на било кој начин помогнат.“

Comments are closed.