
Беласица утре ќе одигра контролен натпревар против Каменица Саса на Градскиот стадион во Македонска Каменица со почеток од 17:30 часот. Струмичани веќе договорија уште еден тест кој треба да биде одигран во среда против Силекс во Кратово.
Беласица важи за прв фаворит која заедно со Победа ќе атакува за врвот во Втората лига – Исток и со тоа експресно враќање во елитата.