
Академија Пандев во недела против Струга Трим Лум ќе ја започне новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Сите натпревари од 1. коло ќе стартуваат во 17:30, освен дуелот меѓу „пандевци“ и стружани кој ќе започне во ноќен термин под рефлектори со почеток од 20:00 часот.
Академија Пандев како домаќин нема да игра на СЦ „Пандев“ односно на нивниот домашен терен, туку на „Благој Истатов“ каде што игра Беласица.
Претходно од 17:30 силите ќе ги одмерат Работнички и Борец во Скопје, Тиквеш и Шкендија во Прилеп, Ренова и Скопје во Тетово, Брегалница и Шкупи во Штип и Македонија ЃП и Пелистер во Скопје.