
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски заедно со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, попладнето, ја посетија пречистителната станица во Струмица.
„Раководството на станицата не информираше дека таа успешно го решава проблемот со отпадните води на градот Струмица и 12 населени места и како прва изградена по европски стандарди во нашата држава е голем исчекор во заштитата на животната средина“, вели Јаневски.
Пречистителната станица започна со работа во декември 2017 година, а е изградена со средства од фондовите на Европската Унија.








