Јаневски: Започнуваме со изградба на две сервисни улици и три фекални колектори во населбата Софилар

Започнува изградба на две сервисни улици и три фекални колектори во населбата Софилар, информираше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски на социјалните мрежи.

„Со посебно задоволство ја соопштувам следната вест затоа што на овој проблем со мојот тим работевме од почетокот на мојот мандат, ветивме и еве започнуваме со негово решавање. Започнуваме со изградба на две сервисни улици и три фекални колектори во населбата Софилар. Денеска го потпишав договорот, набавката е одобрена од страна на Министерството за финансии во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги. Вкупниот износ на оваа инвестиција изнесува 25.881.622,00 денари, а изведувач на работите ќе биде ДГТ Жикол ДООЕЛ Струмица. Решаваме повеќедецениски проблем во населбата Софилар и обезбедуваме квалитетни услови за живот за граѓаните коишто живеат во неа“, се вели во соопштението на Јаневски.

Comments are closed.