ФОТО: Официјално започна изградбата на спортската сала во Муртино

По претходно завршување на подготвителните работи кои беа обврска на општина Струмица, денеска, официјално започна изградбата на спортската сала Модел 1 на површина од 650 метри квадратни во населеното место Муртино. Финансискиот зафат на оваа инвестиција е околу 24.000.000 денари, а рокот на изведба 7 месеци.

Средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука, согласно Програмата за изградба на 145 спортски сали во основни и средни училишта.

„Ја подобруваме спортската инфраструктура и создаваме подобри услови за поактивен спортски живот на учениците и младите луѓе“, вели градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.

Comments are closed.