Академија Пандев на домашен терен против Струга ја отвара новата сезона

Академија Пандев новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ќе ја започне на домашен терен против екипата на Струга Трим Лум.

Во новата сезона „Пандевци“ влегуваат со цели за освојување на третото место на табелата, а со тоа и излез во Европа и настап во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Натпреварот од 1. коло меѓу Академија Пандев и Струга Трим Лум се игра во недела на СЦ „Пандев“ во Струмица.

Инаку, во новата сезона, Струмица ќе има еден претставеник во Првата лига, односно тоа е само Академија Пандев, откако минатата сезона Беласица заврши на последното место на табелата и испадна во Втората лига – Исток.

Comments are closed.