Беласица денес на контролен натпревар против Детонит

Фудбалерите на Беласица денес ќе го одиграат првиот контролен натпревар против екипата на Детонит од Радовиш. Натпреварот се игра на Градскиот стадион „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 18:00 часот.

За струмичките фудбалери денешниот тест ќе биде прв во подготовките за новата сезона од Втората лига – Исток.

Беласица минатата сезона заврши на последното место во Првата лига и експресно отпадна, а во новата сезона влегува со цел за експресно враќање во елитата.

Детонит е повратник во Втората лига – Исток, по две сезони поминати во Третата лига – Исток, радовишни се враќаат како шампиони во ТМФЛ – Исток во второлигашкото друштво. Претходно, Детонит одигра контролен натпревар со Победа кој го загуби со 3:1, додека со Академија Пандев одигра нерешено играјќи 1:1.

Comments are closed.