Академија Пандев прими гол во финишот и одигра нерешено со Детонит

Академија Пандев денес одигра уште еден контролен натпревар пред да замина во Банско, каде на бугарско тло ќе ја одработи главната фаза од подготовките за новата сезона од Првата лига.

„Пандевци“ денес одиграа нерешено со повратникот во Втората лига, екипата на Детонит од Радовиш. Натпреварот заврши со по еден гол во мреѓа 1:1.

Академија Пандев во Бугарија ќе остане до 30 јули, а во Бугарија ќе бидат одиграни неколку контролни натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона од ПМФЛ.

Comments are closed.