Денеска продолжија активностите за асфалтирање на одредени и планирани локации во Општина Струмица, информираше градоначалникот Коста Јаневски на социјланите мрежите.
Се асфалтираа рововите за инсталации на новиот кружен тек на булеварот „Ленинова“, потоа започна крпењето на ударните дупки на патот Струмица – Просениково и се бетонираше улица во населеното место Вељуса.






