ОФИЦИЈАЛНО: СДСМ ги потврди Зоран Зимбаков и Маријан Јанев за втор градоначалнички мандат

СДСМ вечерва ги објави првите 30 кандидати за градоначалници на локалните избори кој треба да се спроведат наесен, односно во втората половина на октомври.

Во струмичкиот регион беа потврдени два од четири кандидати за градоначалник. Претседателот на владеачката СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција по завршувањето на Извршниот одбор на партијата соопшти дека Зоран Зимбаков ќе оди по втор мандат во Општина Босилово, додека Маријан Јанев по втор мандат во Општина Василево.

Во однос на кандидатот за Општина Струмица и Општина Ново Село, Заев посочи дека ќе следуваат уште неколку постапки кон крајот на месецот и средината од август, по што ќе се комплетира листата на сите утврдени кандидат за локалните избори. Покрај утврдувањето на кандидатите за градоначалник, ќе бидат утврдени и советничките листи.

Comments are closed.