Струмичка Беласица продолжува со интензивните подготовки за враќање во Првата македонска фудбалска лига. Нов кормилар на струмичани во новата сезона од Втората лига – Исток ќе биде Александар Стојанов.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа, Беласица ги задржа клучните и искусни играчи како Милушев, Сулев, Митевски, Калпачки и Коцев, а дополнително се водат преговори за ангажирање на неколку нови играчи.
Беласица во новата сезона влегува со единствена цел – враќање во елитата, откако минатата сезона заврши на последното место на табелата во Првата лига и експресно се врати во второлигашкото друштво.
Во однос на контролните натпревари, договорени се тестови против Детонит, Кожуф, Каменица Саса и Кит Го.








