Академија Пандев денес го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ на СЦ „Пандев“ во Струмица со 2:0 славеа над „романтичарите“. За екипата на Работнички ова е трет контролен натпревар со скор од два порази и едно реми. Претходно, Работнички загуби од Тиквеш со 3:1, Македонија ЃП со 3:1, додека со Напредак од Крушевац одигра 0:0.
Академија Пандев пред заминувањето на подготовките во Банско ќе одигра уште два теста против Скопје и Детонит.