СВР Струмица со употреба на ноќен радар „фати“ 16 возачи кои возеле пребрзо

СВР Струмица на 08.07.2021 презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената, со употреба на ноќен радар. Притоа биле констатирани 16 прекршоци, од кои еден возач бил санкциониран поради управување со возило со брзина помегу 50 и 70 километри на час над дозволената. Констатираните прекршоци биле соодветно санкционирани.

Comments are closed.