Академија Пандев се засили со тројца фудбалери од Бразил

Академија Пандев во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ќе биде посилна со тројца Бразилци. Денес во Струмица беа промовирани трите засилувања од Бразил.

Нунес Сантос Каио Лукас, Силва Сена Дос Сандос Каио и Лемос Да Силва Матеус се најнови засилувања за „пандевци“ кои се обврзаа на две годишен договор.

Претходно, Академија Пандев се засили со Мартин Мирчевски, а ги продолжи договорите со Бојан Димовски и Бесник Ферати.

Академија Пандев првиот контролен натпревар го игра утре со почеток од 18:00 часот на СЦ „Пандев“ во Струмица против Работнички. Потоа, следуваат уште два теста против новиот прволигаш Скопје на 14 јули, и четири дена подоцна против повратникот во Втората лига – Исток, екипата на Детонит.

„Пандевци“ потоа заминуваат во Банско каде ќе ги одработат централните подготовки и ќе бидат одиграни уште неколку контролни натпревари.

Comments are closed.