Академија Пандев минатата недела ги започна подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Струмичкиот прволигаш го претстави и Мартин Мирчевски како прво засилување за новата сезона, а во следниот период треба да бидат промовирани уште неколку засилувања.

Веќе во сабота Академија Пандев против Работнички во Струмица ќе го одигра и првиот контролен натпревар.
Минатата сезона Академија Пандев заврши на седмото место на табелата со 41 освоен бод.