СВР Струмица со засилени мерки за санкционирање на прекршоци во сообраќајот

СВР Струмица на 06.07.2021 презеде засилени мерки за санкционирање на прекршоци во сообраќајот, при што биле констатирани 10 прекршоци сторени од пешаци. Истиот ден, спроведени се засилени мерки за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле констатирани 19 прекршоци, од кои 11 за некористење на заштитен шлем-кацига за време на возење, 4 за управување без возачка потврда/дозвола… Одземени биле два мотоцикли. Сите констатирани прекршоци се соодветно санкционирани.

Comments are closed.