Во четврток второ прскање против возрасни комарци во Струмица

Во среда, четврток и петок во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира второ прскање против возрасни комарци по земјен пат на површина од 5.376 хектари, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

На 8 јули, четврток ќе се прска против комарци во општините Струмица, Босилово, Василево и Струмица. Ден претходно ќе се прска во општините Радовиш и Конче во период од 20 до 4 часот, додека пак прскањето ќе заврши во петок во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во периодот кога ќе се прска.

Comments are closed.