Денес, (сабота) 03.07.2021 година, ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари-спасители во атарот помеѓу с.Петралинци и с.Гечерлија интервенираше на гаснење на запалени стрништа, сува трева и насади со лозје.

Поради силниот ветер пожарот се ширеше со голема брзина при што беа загрозени неколку околни објекти. Благодарение на брзата интервенција пожарот беше успешно локализиран и ликвидиран.

Речиси истовремено беше интервенирано на уште неколку пожари во атарот на с.Чанаклија, с. С.Коњарево и с.Колешино. Гореше сува трева и нискостеблеста шума.







