Во еден ден 36 казни за возачи кои возеле пребрзо во Струмица, засилени мерки и над возачи на мотоцикли

СВР Струмица на 01.07.2021 спроведе засилени контроли над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 36 прекршоци.

Истиот ден, СВР Струмица спровел засилени мерки и над возачи на мотоцикли, при што биле констатирани 11 прекршоци, од кои 5 биле за некористење на заштитен шлем-кацига за време на возење, 3 за управување без возачка потврда/дозвола, 2 за изминат рок на важност на регистрацијата. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани

Comments are closed.