Костадинов: Пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж!

Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на СДСМ на социјалните мрежи објави во врска со пензионирањето со 64 години возраст и 15 години стаж.

„Во Собранието ги изгласавме измените на Законот за работните односи, кои беа наше предизборно ветување, а кои се однесуваат на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на ноември минатата година. Ова решение остава можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Продолжување на работниот однос до 67 години, под строго дефинирани критериуми и постапка, ќе има само за дефицитарните кадри во здравството , во високото образование и научно истражувачката дејност. Отвораме можност за вработување на младите, но и ја намалуваме бројноста во администрацијата. Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година“, напиша Костадинов.

Comments are closed.