Владата со одлука – од 1 јули свадби на затворено со максимум 250 гости

Свадби во затворени простории ќе бидат дозволи веќе од четврток (1 јули) со максимум од 250 гости, но не повеќе од 40 отсто од кацапитетот на просторот, донесе одлука Владата.

Свадбите, крштевските, родендени и други семејни веселби беа забрането од 23 јуни минатата година поради големиот број на заразени со Ковид-19.

Владата претходно донесе одлука од 1 јуни да се организира свадби и други прослави, но само на летните тераси односно на отворен простор со максимум 100 лица, но не повеќе од 50 отсто од капацитетот со шест лица на маса со препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Comments are closed.