Во посета на општина Струмица денеска беше неговата Екселенција, амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Војчех Туцински со сопругата.
„На средбата разговаравме за досегашната соработка и како таа да се прошири бидејќи и двете држави негуваат блиски и пријателски односи и взаемна почит. Посебно ги разгледувавме можностите и ги потврдивме потенцијалите за унапредување на соработката на локално ниво, особено со градот Грујец со кого е збратимена општина Струмица. Струмица е отворена Општина за соработка и размена на искуства и позитивни практики од повеќе области кои значат развој и зближување на граѓаните од двете држави“, вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.


