Општина Босилово пред два дена беше зафатена од големо невреме, а градоначалникот Зоран Зимбаков во текот на вчерашниот ден изврши увид на терен и оствари средба со граѓаните од населените места Дрвош, Сарај и Гечерлија.
„После вчерашното невреме од град што ја зафати нашата општина,денес извршив увид на терен и остварив средба со граѓаните од населените места Дрвош,Сарај и Гечерлија кои ми ги покажаа своите оштетени парцели во атарите посеани пред се со житни култури,бостан овошни насади,пипер,патлиџани и слични култури. Според тоа што го видов има доста големо оштетување а ,најмногу е во с.Дрвош,па.доколку се исполнети законските предуслови за прогласување на елементарна непогода,ќе се формира општинска комисија за утврдување на настанатите штети“, рече градоначалникот Зимбаков.






