ФОТО: Изложбата на слики и цртежи „Поврзани преку уметност” во „Europe House“ во Струмица

Вечерва во „Europe House“ во Струмица отворена изложбата на слики и цртежи – „Поврзани преку уметност”. На изложбата присустуваа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, како и амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија неговата екселенција Војчех Туцински.

„Вечерва во „Europe Hause“ во Струмица имав убава можност да го поздравам отворањето на изложбата на слики и цртежи насловена како „Поврзани преку уметност. На изложбата присуствуваше и амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија неговата екселенција Војчех Туцински, а од далечина ги поздравив и градоначалникот на збратимениот град Грујец, господинот Дариуш Гвиазда, амбасадорот на Република Северна Македонија во Варшава господинот Васил Пановски, како и полската сликарка Агниешка Цецилија – Казала, се разбира и младите полски уметници кои се дел од оваа убава приказна. Инаку, изложбата од полска страна ја сочинуваат дела од учениците од Канадското училиште во Варшава како и од членовите на ликовното студио при Центарот за култура од Грујец под раководство на веќе споменатата кураторка, Цецилија – Казала, а од македонска страна се делата од ученици од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица, под менторство на професор Љупка Галазка – Василев. Ме воодушеви фактот што двете изложби со истите учесници се одвиваат паралелно во двата збратимени града Грујец и Струмица, што дава до знаење дека за младоста и уметноста не постојат далечини. Од друга страна, изложбата презентира свои видувања на млади луѓе од две различни земји кои зборуваат на два различни јазика и имаат различни погледи на светот и својата иднина“, рече градоначалникот Јаневски.

Comments are closed.