Вечерва беше промовирана книгата „Исхрана и додатоци во исхраната на децата и младите спортисти“ на Шинаси Хасанов – Шинко. На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски.
„Вечерва присуствував на промоцијата на книгата „Исхрана и додатоци во исхраната на децата и младите спортисти“ од долгогодишниот струмички спортски работник Шинаси Хасанов – Шинко. Промоцијата се одржа на новоизграденото спортско игралиште во Четврта урбана заедница, а во рамките на програмата на „Струмица – град на културата за 2021 година“. На почетокот на промоцијата ја имав честа да им се обратам на присутните спортисти и посетители и да го поздравам новото дело на Хасанов кое излезе од печат со финансиска помош од Општина Струмица. Го споделив со присутните и моето задоволство од функционалноста на новото игралиште за мали спортови кое секојдневно е преполно со деца – вљубеници во спортот“, напиша градоначалникот Јанев на социјалните мрежи.



