ФОТО: Пратеникот Костадинов и градоначалникот Јанев на средба со жителите на Сушево

Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Костадин Костадинов, градоначалникот на општина Василево, Марјна Јанев и претседателот на ОО СДСМ на Василево, Васил Коцев, остварија средби со жителите на с. Сушево, каде се разговарало за она што е сработено во оваа населено место и за она што доправа треба да се сработи.

„Денеска со градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев и претседателот на ОО СДСМ Василево Васил Коцев се сретнавме со жителите на Сушево, разговаравме за она што е сработено за нивното населено место и она што допрва треба да се сработи. Градоначалникот заедно со советниците од општината имаат сработено многу, секако евидентна е поддршката од страна на владата предводена од Зоран Заев. Додека ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во белата палата, ние сме секојдневно на терен со граѓаните и застанување нема. Машината на СДСМ е во погон“, напиша пратеникот Костадинов на социјалните мрежи.

Comments are closed.