Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денес имаше средба со жителите на населеното место Вељуса.
„Попладнето го поминав во пријатно дружење со жителите на населеното место Вељуса. Разговаравме за животот во селото, за тоа што сме направиле досега и што уште треба да направиме за подобар живот на сите“, рече Јаневски.


