ФОТО: Последниот тренинг на Горан Пандев во македонската репрезентација

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев вчера го одработи последниот тренинг со репрезентацијата, а вечерва ќе го одигра последниот натпревар против Холандија.

Струмичката гордост вчера за последен пат тренираше со своите колеги од репрезентацијата, по што најави дека ќе стави крај на репрезентативната кариера, а останува да видиме дали ќе продолжи уште една сезоан во дресот на Џенова во италијанската Серија А.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

Неговите соиграчи му приредија изненадување на тренингот и го „летаа до небо“ во знак на благодарност кон големиот Гранде Пандев и за тоа што го има дадено за македонската репрезентација и македонскиот дрес.

Comments are closed.