Пандев и дружината денес летаат за Амстердам во понеделник против Холандија

Македонската експедиција од денес се сели во Амстердам, а во понеделник македонските репрезентативци го играат последниот натпревар против Холандија.

Со чартер лет во 11:00 часот нашата репрезентација замина во Амстердам, каде ќе го одигра третиот натпревар од групата Ц од Европското првенство.

Денес со почеток од 18:00 часот ќе има тренинг и припреми за последниот натпревар на нашата репрезентација.

Струмичката гордост Горан Пандев беше стрелец на првиот гол во историјата на Македонија на Европските првенства, тој и вчера ја погоди мрежата на Украина со аткративен гол, но истиот беше поништен бидејќи струмичанецот беше во недозволена ситуација. Останува да видиме дали Пандев ќе ја погоди мрежата и на Холандија, но овој пат од чиста ситуација, и голот да важи.

Comments are closed.