Пандев: Среќен бев за голот, жал ми беше за конечниот резултат

Нашиот капитен Горан Пандев испиша нова историја, откако беше стрелец на првиот гол на Македонија на Европските првенства, а со тоа стана и втор највозрасен срелец во историјата на ЕП.

Пандев во разговор за италијански „Скај Спорт“, зборуваше за емоцијата по натпревар со Австрија, како и за утрешниот дуел против Украина.

„Не знам, искрено. Среќен бев за голот, жал ми беше за конечниот резултат. Неверојатна емоција беше да се игра на едно Европско првенство. Дадовме сè, но Австрија заслужено победи. Се надеваме дека ќе освоиме неколку бодови и добро ќе го завршиме овој европски турнир. На лично ниво, сè уште не знам што точно ќе направам на крајот, мислам дека ќе престанам да играм. Украина ме импресионира против Холандија, индивидуално е многу силна. Шевченко прави одлична работа, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе се бориме за добар резултат. Мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме“.

Comments are closed.