Пандев: Против Украина одиме на победа, нема што да загубиме!

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на вчерашниот прв натпревар од Австрија со 3:1 на Европското првенство. Иако загубивме, нашите репрезентативци прикажаа одлична игра на теренот.

Капитенот Горан Пандев жали затоа што фудбалерите не ги израдувале навивачите кои допатувале во Букурешт со победа. Струмичката гордост додава дека сега е потребен добар одмор, бидејќи следува тежок натпревар против Украина.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

„Како и за првпат, за прв натпревар на Европското првенство, за нас ова е едно големо искуство. Одигравме одлични 70 минути. Австрија физички е многу посилна од нас, имаат добра клупа, знаевме дека ако издржиме во првите 15 минути, можеме. Примивме еден несреќен втор гол, па натпреварот беше решен. Шансите не се загубени, треба добро да се одмориме. Не чека уште еден тежок натпревар против Украина, на кој мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме. Најмногу ми е жал за луѓето кои дојдоа тука, им благодарам од срце. Ние го дадовме максимумот, се надевам дека ќе бидеме уште подобри“, изјави Пандев.

Comments are closed.