Потпишан Меморандум за соработка за спроведување на проектот „From Disability to Foodability“

Градоначалникот Коста Јаневски со претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска, денеска, потпишаа Меморандум за соработка со кој се дефинира спроведувањето на проектот „From Disability to Foodability“ имплементиран од Федерацијата, а финансиски поддржан од Шведската организација за развој.

Во рамките на овој проект во општина Струмица ќе биде изградено детско инклузивно игралиште и опремено со сите потребни реквизити, а кое ќе придонесе во развојот на инклузивниот образовен систем.

Comments are closed.