Мартин Талаков ја засили Подбрезова од Словачка

Играчот на Академија Пандев, Мартин Талаков од следната сезона ќе го носи дресот на Подбрезова од Словачка. 18-годишниот играч за врска потекнува од школата на Академија Паднев.

„Среќни сме и горди што реализиравме уште еден трансфер на фудбалер произлезен од нашата школа Мартин Талаков. Заедно со играчот одлуката беше да се прифати понудата на ФК Подбрезова од Словачка и да биде пропратна станица за идни поголеми трансфери во неговата кариера. Мартин ти посакуваме многу успех и радости во новиот клуб.“

Академија Пандев продолжува да биде расадник на таленти кои подоцна своите кариера ќе ги продолжат во клубови во Европа.

Comments are closed.