ФОТО: Хоризонт Турново го загуби баражот, Братство Житоше е нов второлигаш

Бараж дуелот меѓу второпласираните екипи од Трета лига – Југ и Трета лига – Исток заврши со минимална победа од 1:0 на Братство над Хоризонт Турново. За прв пат во историјата клубот од Житоше ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. Стрелец на единствениот победнички гол на натпреварот беше Насаф Шабанов во 85. минута.

Во првиот дел од натпреварот имаше тактички надмудрувања, големи шанси за гол и кај двете екипи, но без реализација, по 45 минути игра мрежите на Градскиот стадион во Штип мируваа и на двете страни. Првиот дел од натпреварот помина без поголеми прекини и сосема очекувано судијата Качевски продолжи за една минута.

Најголемата шанса на натпреварот ја имаше Насаф Шабанов во 74. минута кога имаше стопроцентна шанса, но голманот Благој Крстев интеревенираше навремено и не дозволи противникот да го отвори резултатот. По само две минути игра на спротивната страна Хоризонт Турново преку Драги Глигоров имаше исто така имаше стопроцентна шанса за да дојде до водство, но истата не беше реализирана.

Отворениот фудбал и притисокот и на двете екипи продолжи во последните 20 минути од натпреварот, но зачестија и прекршоците.

Во 85. минута Насаф Шабанов ја стресе мрежата на Крстев за водство на Братство од 1:0. До крајот на натпреварот Турново имаше шанса за израмнување, но истата не беше реализирана.

Братство предводен од тренерот Ромер Муриќ обезбеди историски пласман во Втората лига – Исток за следната сезона.

Интересно е тоа што Локомотива од Градско како првопласирана екипа обезбеди влез во Втората лига – Исток, исто така за првпат, па во следната сезона ќе гледаме второлигашко дерби на овие две екипи.

Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, истото се однесува и на фотографиите, без претходен договор.

Comments are closed.