Во еден ден 39 казни за возачи кои возеле пребрзо во Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа, биле констатирани 50 прекршоци, од кои 39 за управување возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Comments are closed.