Започнува гасификацијата на Општата болница во Струмица

Со стартот на изградбата на новата котлара, започна гасификацијата на Општата болница. Градоначалникот Коста Јаневски заедно со директорот на ЈПЕД „Струмица гас“ Благој Милановиќ и директорката на Општа болница, Катерина Кузмановска, изврши увид во градежните активности.

„Правевме заеднички напори со Владата на Република Северна Македонија, болницата и јавното претпријатие „Струмица Гас“ за да се обезбеди вкупната вредност на оваа инвестиција која изнесува 6.900.000 денари, од кои 5 милиони денари се обезбедени преку Генералниот секретаријат на Владата и 1.900.000 денари преку Министерството за здравство. Свој влог секако имаше и Општината. Покрај големата желба и упорност ова да се реши, му дадовме целосно задолжување и поддршка на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“ за спроведување на целата постапка, како најкомпентентни за оваа дејност, којашто вклучува спроведување на тендерска постапка за изработка на проект, изградба на котлара, набавка и поставување на потребната опрема и приклучување на гасоводната мрежа“, рече градоначалникот Јаневски.

Comments are closed.