Спортски настан за родова еднаквост „Да и девојките играат фудбал“ во Струмица

Во организација на ЖФК „Тиверија“, а со поддршка на Градоначалникот и Советот на општина Струмица, денеска, во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“, се реализираше спортски настан за родова еднаквост „Да и девојките играат фудбал“ на којшто учествуваа околу 40 девојчина од Општината.

Во своето обраќање градоначалникот Коста Јаневски истакна дека овој спортски настан е плод на добрата соработка помеѓу општина Струмица и Женскиот фудбалски клуб „Тиверија“, кој ја промовира родовата еднаквост и е резултат на активностите од Програмата за еднакви можности меѓу мажите и жените во општина Струмица.

На настанот присуствуваа и амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, советничката за спорт во Владата на Република Северна Македонија, Силвија Митевска и членови на Советот на општина Струмица.

Инаку, женскиот фудбалски клуб Тиверија сезоната постигна одлични резултати и заврши на второто место на табелата во Првата женска фудбалска лига. Походот по титулата продолжува и следната сезона.

Comments are closed.