Бараж дуелот за влез во Втората лига – Исток меѓу второпласираните екипи од Трета лига – Југ и Трета лига – Исток конечно е закажан и истиот официјално ќе биде одигран.
Во баражот силите ќе ги одмерат Братство Житоше како второпласирана екипа од ТМФЛ – Југ и Хоризонт Турново како второпласирана екипа од ТМФЛ – Исток.

Натпреварот ќе се одигра во среда (9.јуни) на Градскиот стадион во Штип со почеток од 17:00 часот.
Победникот од овој бараж дуел ќе го пополни местото на радовишка Плачковица која од следната сезона се враќа во Третата лига – Исток и со тоа ќе бидат пополнети сите места во Втората лига – Исток за следната сезона.
Претходно, Локомотива од Градско како шампион на ТМФЛ – Југ и Детонит од Радовиш како шампион на Трета лига – Исток обезбедија директно учество во Втора лига – Исток, додека од Прва лига испадна Беласица која ќе игра во Втората лига – Исток.
Екипи кои ќе се натпреваруваат следната сезона во Втора лига – Исток:
- Беласица
- Кит Го
- Кожуф
- Победа
- Слога Виница
- Каменица Саса
- Осогово
- Детонит
- Локомотива Градско
- Победникот од баражот (Братство Житоше или Хоризонт Турново)