Астраион загуби од Радовиш и се враќа во Првата ракометна лига

Ракометарите на Астраион во последното коло од плеј-аутот во Супер лигата на гостински терен загубија од Радовиш со 38:15.

Струмичките млади ракометари не успеаа да соберат бодови во плеј-аутот и како последно со нула бодови се селат во Првата ракометна лига од следната сезона.

Најдобар во редовите на Радовиш беше Кристијан Ристов со 12 погодоци, додека кај Астраион најдобар беше Марко Стојанов со шест гола, а еден помалку имаше Миловој Котевски.

Астраион се враќа во Првата лига, додека Радовиш ќе игра бараж за опстанок со второпласираниот од Првата лига, тоа е е екипата на Шампион.

За младите струмички ракометари сезоната во Супер лигата беше едно големо искуство, можност да ги почувствуваат големите суперлигашки натпревари и да ги одмерат силите со големите екипи.

Comments are closed.