Астраион утре во Радовиш го игра последниот натпревар

Ракометарите на струмички Астраион утре во Радовиш ќе го одиграа последниот натпревар од плеј-аутот од Супер лигата. За младите струмички ракометари ова ќе биде последен суперлигашки натпревар, бидејќи од следната сезона екипата се враќа во Првата ракометна лига.

Надеж за освојување на први бодови утре во СРЦ „25-мај“ против Радовиш ќе нема, со оглед на квалитетот на радовишани.

Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп ќе бидат судиска двојка, додека Васил Чавдаров од Богданци ќе биде делегат.

Натпреварот во живо ќе може да го следите на youtube каналот на Ракометната федерација на Македонија, а истиот ќе започне во 19:00 часот.

Comments are closed.