Ракометарите на Астраион загубија на тешкото гостување во Прилеп со резултат од 34:22 во натпревар од 12. коло од плеј-аутот на Супер лигата.
Прилепчани важеа за големи фаворити на овој меч, а тоа по оправдаа со убедлива победа на домашен терен. Уште од самиот старт прилепските ракометари се наметнаа и во ниту еден момент не дозволија младите струмички ракометари да се вратат во игра.

Бикоски со седум погодоци беше најдобар кај Прилеп, а шест погодоци постигна левото крило Хазеин Рустамов. Кај Астраион со шест погодоци најдобар беше централниот бек Христијан Ефтимов, а пет погодоци постигна Марко Стојанов.
Во следното коло Астраион на домашен терен во Струмица ќе игра против Јуниор Кисела Вода.