Ракометарите на Астраион го загубија натпреварот против Голден Арт КЛ7 со резултат од убедливи 36:23 во меч од 10. коло од плеј-аутот на Супер лигата.

Фаворитската улога за победа ја имаше скопската екипа која на домашен терен одигра убедлив натпревар и сосема очекувано славеше против младата струмичка екипа.
Најдобри кај КЛ7 беа Марко Стојковиќ и Божидар Илиески со по шест погодоци, додека кај струмичани најдобар беше Миливој Котески со девет постигнати погодоци, а по него следеше Христијан Ефтимов со седум гола.
КЛ7 ја продолжува борбата за опстанок, додека Астраион е последен на табелата без освоени бодови и од следната сезона се враќа во Првата ракометна лига.