Академија Пандев вечерва го игра големото финале против Силекс во Купот

Академија Пандев вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра големото финале од Купот на Македонија против кратовски Силекс.

„Пандевци“ ќе бидат бранители на Куп-титулата од 2019 година, додека пак Силекс после 25 години повторно ќе игра финале од Купот и ќе има можност да ја однесе Куп-титулата во Кратово.

Академија Пандев можеби ќе биде во поповолна ситуација бидејќи веќе го обезбеди опстанокот во Првата лига, па сега со сите сили ќе биде насочена кон освојување на Куп-титулата и излез во фудбалска Европа, додека пак Силекс кој покрај вечерното финале, во вторник (25. мај) го очекува бараж за опстанок во Првата лига против Тиквеш од Кавадарци и токму тоа може да биде одредена предност за „пандевци“.

Comments are closed.