Фудбалерите на Беласица по една сезона помината во Прва лига експресно се враќаат во Втората лига – Исток. Струмичките фудбалери во неделата во Битола со 2:0 беа поразени од Пелистер и со пораз се простија од Првата македонска фудбалска лига.

Беласица и пред две сезони успеа да се врати по долги години во Првата лига, но се задржа само една сезона во најсилното фудбалско натпреварување во Македонија. Беласица во тековната сезона немаше сили ниту еднаш да го напушти последното место, па од самиот старт на сезоната беше закована на дното од табелата и така истата ја заврши, па од август струмичани ќе играт повторно во Втората лига – Исток. Екипата на Пелистер го обезбеди опстанокот во Првата лига.